ОВА Е ТВ МОМЕНТОТ КОГА КАМЕРМАНОТ НА РТС ДОЖИВЕЛ СРЦЕВ УДАР ВО ЖИВО: „Замрзнат“ кадар, па емисијата нагло завршила (ВИДЕО)

Снимателот на РТС доживеа срцев удар за време на емитувањето на емисијата „Еден добар ден“.

Како што дознаваме, при снимање на програма во живо на Радио телевизија на Србија, на еден од снимателите му се слошило, а емисијата морала да биде прекината.

Екипата на итната помош веднаш по повикот излегла на терен и му укажала прва помош.

По реанимација, камерманот бил пренесен во Ургентниот центар каде му била укажана дополнителна лекарска помош.

На камерманот му се слоши по почетокот на емисијата

Последниот кадар беше во живо од белградскиот базен „Ада Циганлија“, а забележливо беше дека еден кадар трае предолго, како да е замрзнат. Потоа следеше нагло прекинување на емисијата без објаснување.