Огромни суми потрошени во Министерството за финансии – над 3 илјади евра потрошил министер само за сместување и билети

8 илјади 757 евра потрошиле за шест месеци, министерот и двајцата заменици министри во Министерството за финансии.

Министерот Хекуран Мурати сам за сместување и билети потрошил 3 илјади 418 евра во периодот јануари-јуни. А неговите двајца заменици Ресул Макреши и Агон Добруна не потрошиле ниту цент.

Според податоците до кои дојде Телеграф од пристап до јавни документи, за други трошоци на репрезентацијата министерот Мурати и заменик министерот Макреши потрошиле 1.692 евра.

Мурат не заборави да си ги исплати и дневниците за службените патувања. За седум месеци тој добил вкупно 1.500 евра, додека Ресул Макреши и Агон Добурна не добиле ниту цент.

Во документите стои дека платата што министерот Мурати ја земал во февруари Светска банка ја исплаќала преку Трезорот и дека истата не е трошок од државниот буџет.

Од јануари до јуни челниците на Министерството за финансии трошеле пари и на деривати.

За овие шест месеци за деривати потрошиле 2.389 евра, од кои 998 евра потрошил министерот Мурати, додека 1.391 евра заменик министерот Макреши.

За мобилниот телефон потрошиле само 205 евра,заедно со заменик министерот Ресул Макреши.

Треба да се напомене дека заменик-министерот Агон Добруна е назначен на оваа функција во втората половина на јуни, па затоа не фигурира во трошоците на кабинетот .

Ова го откриваат расходните документи .