Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.
Како што информираат од Општината, свежо цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот, Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.
Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал.
Фудбалскиот натпревар се одиграл на ново реконструираното фудбалско игралиште во Бунарџик, кое го носи името „Роберт Петковски“ каде Општина Илинден изврши целосна замена на асфалтниот слој, поставено лед осветлување, заштитна ограда, нови голови, клупи, корпи за отпадоци и партерно уреден простор.