Одбив да го крштевам детето на пријателот а тој се налути и ме блокира: Кога ја откри причината, сите ја поддржаа неговата одлука

Анонимен маж на Редит раскажа како пријател го нарекол себичен затоа што одбил да биде кум на неговото дете поради луди барања. На почетокот пријателот бил среќен што го избрал него но ентузијазмот набрзо стивнал кога добил плик со договор и долга листа на барања.

Тој рече дека тој и неговата сопруга пред девет години запознале уште еден млад пар и се дружеле со нив, па не бил изненаден што го сакале за кум на нивното неродено дете. Тој бил воодушевен, но потоа пријателот му дал обврзувачки договор и список со барања – вклучително и дека мора да се крсти и да стане католик и да му даде на детето 18.000 фунти како подарок.

На Редит напиша и дека неговата сопруга и сопругата на неговиот пријател се од Филипини и дека нема никој од семејството, па немал кој друг да бара да му биде кум на детето.

– Се согласив, а следниот ден ми остави плик со правен договор што требаше да го потпишам – рече тој, а од него беше побарано и да присуствува на секој католички настан на кој детето присуствува, како крштевање, исповед, свадба и други.

Пријателот рекол дека не сака да стане католик но, на детето ќе му дава најмалку 500 долари за секој од тие настани и за секој роденден и Божиќ, и така да собере околу 18.000 фунти.

– За остатокот околу грижата нека се погрижат родителите, напиша тој. Меѓутоа, кога му се јавил на пријателот и му објаснил дека не може да го потпише договорот бидејќи е премногу лош, тој се налутил, му рекол дека е себичен и му го блокирал бројот и мејлот. Неговата сопруга исто така.

-Не е важно, јас не сум лут, само не гледам како јас сум себичеен, а тој не е? – заклучил тој, пишува Мирор.