“ОДЗЕМА ИЛЈАДНИЦИ ЖИВОТИ“ – Експертите предупредуваат: “Ова сега е најзаразната болест во светот, ги надмина вирусот Ковид-19 и СИДА-та!“

Туберкулозата во моментот е најзаразната болест на планетата, надминувајќи го вирусот Ковид-19 и СИДА-та, бидејќи секој ден одзема по 4.000 животи, од кои 700 се детски, соопшти претставник на Обединетите нации, објавуваат светските медиуми.

Врвните функционери на светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на случаи на туберкулоза, за што придонесува големиот број случаи на оваа болест во воените зони, како што се оние во Украина и Судан.

Според извршниот директор на организацијата „Стоп за туберкулоза“, Луиз Детау, пред пандемијата со вирусот Ковид-19, не е забележано драматично зголемување на случаите на туберкулоза.

Но, по Ковид-19, го забележавме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, во кои луѓето кашлаат крв, се многу слаби и така натаму“, објаснил Луиз Детау.

Како и вирусот Ковид-19 и туберкулозата се пренесува преку воздухот.

Луиз Детау вели дека економските последици од пандемијата со Ковид-19 и војните, особено во Украина и сега во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето кои се заразиле со туберкулоза и дијагностицирање на нови случаи.

Украина има најголем број луѓе за кои се проценува дека имаат туберкулоза во Европа – 34.000, а исто така и најмногу пациенти кои се отпорни на лекови за туберкулоза“, изјавил Луиз Детау за новинарите минатата недела.