Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

 На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот. 

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1).