ОДИ ВО ИСТОРИЈАТА: Делот без кој не би можеле да замислите автомобил дефинитивно станува минато!

Додека некои други системи и склопови се автоматизирани по секоја цена, исфрлањето на класичната „мануелна“ сопирачка има свои предности…

Две децении откако BMW ја претстави првата електрична сопирачка за паркирање („рачна“) на својата Серија 7, таа технологија доминираше во автомобилската индустрија. Во моментов, околу 70 отсто од автомобилите што излегуваат од производната лента имаат електрична сопирачка за паркирање, а само 30 отсто од нив доаѓаат со класична рачна сопирачка. Само една година претходно, тој сооднос беше 63 спрема 37.

Класичната рачна сопирачка во форма на лост прва беше отстранета од понудата од премиум брендовите, како Мерцедес и Лексус, а сега овој тренд стигна и кај другите големи производители.

Денес, производителите на поевтини автомобили, како Dacia, како и основните верзии на малку поскапи модели, имаат рачна сопирачка во својата понуда.

Меѓутоа, за разлика од некои други автомобилски системи, кои се автоматизираат по секоја цена, примената на електричната рачна сопирачка има свои предности, потсетува списанието ХАК.

Покрај тоа што не зафаќа многу простор во кабината помеѓу предните седишта, овозможува и полесно движење на угорници со автоматско ослободување. Исто така, за активирање на електричната сопирачка не е потребна примена на голема сила, како што е случај при влечење на класичната рачна сопирачка.