Девојка во ресторан платила 200 евра за јастог, па направила нешто неверојатно: „Беше пресреќна“

Швајцарецот излегол на вечера во луксузниот рибен ресторан Gente di Mare на Сардинија и нарачал јастог во каталонски стил. Кога живото суштество било доведено на маса, сè уште неподготвено, туристот решил да го пушти во морето пред готвачите да имаат прилика да го зготват, пишува Дејли Мејл.

“Отпрвин мислев дека се шегува. Кога сфатив дека се обидува да направи добро дело и колку е среќна и возбудена, и јас бев трогнат. Таа беше навистина воодушевена што го спаси животот на јастогот”, изјави Антонио Фасолино, ко- сопственик на ресторанот кој бил сведок на овој момент.

Додека детално го раскажувал настанот, Антонио рекол дека го зел јастогот од аквариумот и отишол да го измери во кујната. На парот и рекол дека тежи речиси два килограми, што чини 200 евра. Го ставил јастогот во проѕирна кофа до масата. Туристот прашал дали јастогот ќе се повреди ако го фрли од височина, а присутните ја уверувале дека животното ќе биде добро. Кога го фрлила, јастогот среќно испливал до својата новопронајдена слобода.

Инаку, „од тенџерето“ се спаси уште еден јастог, на кој му се посреќи по втор пат. Имено, истиот рибарски брод го фатил два пати за две години. Џиновски јастог, за кој се верува дека е стар околу 80 години, за прв пат бил фатен во 2021 година на јужниот брег на Велс. Неименуван рибар го фатил случајно на мамка од лигњи, а поради возраста го вратил во морето.

Две години подоцна, тој беше фатен од Џошуа Херн, кој исто така реши да го ослободи. Дека се работи за истото животно потврдил очевидец кој забележал дека на јастогот му недостасува врвот на ногата, кој најверојатно го загубил во борба со друг јастог. Се проценува дека тежи околу 4,5 килограми.