„ОДИ СЕКАДЕ СО МЕНЕ, А ЈАС ГО НАУЧИВ КАКО САМ ДА ИЗВРШУВА НУЖДА“ : СИТЕ ГО ИЗБЕГНУВААТ ова животно, а таа е опседната со својот миленик (ВИДЕО)
Американката Аби Џардин има посебно милениче – гулаб . Таа го присвои и сега го носи насекаде, а тој и се смести токму во нејзината чанта. Таа покажа и како се грижи за него и како го бања.
За својоето домашно милениче, 26-годишната Њујорчанка Аби Џардин вели дека е многу дружељубиво.
– Кога излегувам на вечера со пријателите, само го ставам во чантата и оди со мене. Друштвен е и опуштен, никогаш не сме исфрлени од ресторан – изјавила таа.
„ Мама “ на Pigeon Pidge лансираше серија видеа „Purse Pigeon“ на интернет, во кои можете да видите како тие двајца живеат во прометниот Њујорк .
Излегуваат и заедно одат на забави и преполни места.
– Правам реклама за гулабите, додека не им се подобри лошиот имиџ – вели Жардин.
Таа ја пронашла птицата во мај минатата година.
– Ја најдов сама и исплашена покрај некое ѓубре, во близина на мојот стан, имаше само 3 недели – рекла таа.
Потоа стапила во контакт со Wild Bird Fund, центар за рехабилитација на животни и го однела на лекување. Но после тоа решила да го вдоми.
– Никогаш не сум имала гулаб за домашно милениче – не сум ни љубител на птици – признала таа.
Но, таа знаеше дека може да скроти гулаб.
– Кога видов колку е сладок и пријателски настроен, решив да го направам мое милениче, засекогаш – рекла таа.
И како родител на гулаби, таа прави сè – вклучувајќи капење, хранење и за тоа како се прави нужда.
– Ако сме некаде надвор, само го носам во тоалет на секои 30 до 40 минути, го држам над wc школката и тој оди во тоалет – рекла Аби.
Се обидела да го направи тоа со корпата за отпадоци, но гулабот сепак сака да оди во тоалет.
Гледачите на птици на мрежи се изненадени и воодушевени од животот на гулабот на висока нога.
– Оваа птица го живее најдобриот можен живот, прекрасно – изјавил еден од коментаторите.
Жардин е среќна и задоволна од својот миленик.
– Уживаме, си правиме друштво, без разлика дали сме дома или надвор во градот – заклучила Аби, пренесува NY Post.