ОДЛИЧЕН ТРЕНИНГ ЗА МОЗОКОТ- ПРОВЕРЕТЕ КОЛКУ СТЕ ПАМЕТНИ: Ќе дознаете ако одговорите на овие 5 ПРАШАЊА

Овој тест за интелигенција изобилува со интересни трикови кои бараат малку размислување и погодување.

Одговорете на пет прашања, но така да имате само секунда за секое, односно да не размислувате премногу долго.

Запишете ги одговорите на хартија ако ви е полесно, а потоа проверете дали се точни на крајот.

1. Прашање

Учествувате во трка. Ја престигнавте личноста која е на второто место!

На кое место сте сега?

2. Прашање

Ако го престигнете последниот човек на трка, тогаш вие сте…?

3. Прашање

Решете го ова прашање без дигитрон, хартија и молив. Играјте фер.

Земете 1.000 и додадете 40. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 30. Повторно додадете 1.000. Сега додадете 20. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 10. Колку изнесува вкупното?

4. Прашање

Таткото на Марија има 5 ќерки: 1. Нана, 2. Нене, 3. Нини, 4. Ноно.

Како се вика петтата ќерка?

5. Прашање

Нема личност сака да купи четка за заби. Како го прави тоа? Имитирајќи ги движењата на миењето заби, таа успева да му објасни на продавачот што сака.

Ако слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како ќе му го објасни ова на продавачот?

Откако ќе одговорите на прашањата, пронајдете ги точните одговори подолу.

1. Ако одговоривте дека сте први, се лажете. Ако престигнете друго лице и го заземете неговото место, тогаш сте втори.

2. Ако одговоривте дека сте претпоследен, тогаш повторно грешите. Како можеш да го престигнеш последниот човек?

3. Дали добивте 5000? Точниот одговор е 4.100. Не ви се верува? Проверете со дигитрон.

4. Нуну? Се разбира не. Нејзиното име е Марија. Прочитајте го прашањето повторно.

5. Со зборови. Едноставно.