Владата на денешната седница го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д.
– Владата, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за утре. Со тоа ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата, наведува владината прес-служба.