Одржан еден од најбизарните фестивали во светот, фотографиите се нереални

Во малото гратче Бунол, во близина на Валенсија, се одржа традиционалниот фестивал Ла Томатина, кој често се наоѓа на листата на најбизарни фестивали во светот.

Имено, околу 22.000 луѓе од целиот свет се собрале да си фрлаат домати, а според проценките и годинава за забавата биле искористени над 100 тони домати.

Оваа година, некои од учесниците носеа со себе и палестински знамиња за да укажат на ситуацијата во Палестина.

Пред десет години овој фестивал носеше до 50.000 туристи во гратче со 9.000 жители, но во 2013 година тоа се промени.

Оттогаш, официјалното издавање билети е во сила, со што бројот на учесници е ограничен на само 20.000 среќници кои ќе успеат навреме да земат билет.

Првата тепачка се случила случајно во 1944 година, за време на маскенбал. Според легендата, група млади луѓе кои сакале да учествуваат на парадата се скарале и почнале да фрлаат домати еден кон друг, кои биле на блиската трибина. Полицијата ја прекина тепачката и ги казни учесниците за направената штета.

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Следната година, младите во исто време почнаа да се борат, носејќи ги доматите со себе. И таа година полицијата ги воздржа, но со текот на годините манифестацијата стана општо прифатена.

Воспоставено е правило според кое доматот може да се фрли само помеѓу два звучни сигнали, а пред фрлањето, учесниците мора да го згмечат доматот во рака.

Фестивалот се одржува секоја година во последната среда во август.