ОД ОВАА СУМА МОЖЕ ДА ВИ СЕ “СЛОШИ“ – Еве колку ќе заработи победникот на Австралија Опен оваа година

Наградниот фонд на Австралија Опен е зголемен за 13 отсто и ќе изнесува 59,1 милиони американски долари, објавија организаторите на првиот Грен Слем турнир во сезоната, кој започнува на 14. јануари во Мелбурн.

Во 2023 година, Австралија Опен имаше најмал награден фонд од сите четири Грен Слем турнири од 76,5 милиони австралиски долари или 52,3 милиони американски долари.

Го освоија српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка.

Победниците на изданието за 2024 година ќе заработат околу 3,15 милиони американски долари.

Го зголемивме наградниот фонд за секое коло на Австралија Опен, со големи зголемувања во квалификациите и раните рунди во сингл и двојки“, порача директорот на турнирот Крег Тајли и ја нагласи потребата најдобрите играчи во светот да бидат соодветно наградени.

Наградниот фонд на Австралија Опен е повеќе од двојно зголемен во изминатата деценија, но сепак е помал од 65 милиони долари на УС Опен ова лето. Наградниот фонд на Вимблдон годинава изнесуваше 56,9 милиони долари, а Ролан Гарос 54,9 милиони долари.