ОД ОВОЈ ОДГОВОР МНОГУМИНА СЕ ИЗНЕНАДЕНИ – Еве кога точно треба да го испиете првото кафе во денот

За многумина денот започнува дури откако ќе ја испијат првата утринска шолја кафе. Факт е дека многумина од нас не можат да создадат сложена реченица без првата голтка кафе, па затоа правењето кафе е првото нешто што го прават откако ќе станат од кревет.

Сепак, се чини дека постои уште подобро време од денот доколку сакаме да извлечеме најмногу енергија од нашиот омилен пијалок. Имено, новото истражување покажало дека најдобро е да пиете кафе околу 90 минути по будењето!

Освен што пиењето кафе е момент на поврзување со себе, од него очекуваме и излив на енергија која ќе ни помогне да влеземе во денот подготвени за сите предизвици.

Сепак, докажано е дека и до 45 минути по станувањето, нивото на кортизол, хормонот на стресот, во нашето тело е доволно високо за да можеме да го „преживееме“ овој период без кофеин.

Интересно е тоа што ако пиете кафе во тоа време, постои голема веројатност дека со текот на времето ќе развиете отпорност на ефектите на кофеинот и дека ќе имате помала корист од неговите придобивки во текот на денот.

Ако станете во 06:30, идеално време за правење кафе е во 8!

На тој начин, ќе го извлечете максимумот од вашата доза на кофеин, која доаѓа со голем број на придобивки како што се:

  • подобрена концентрација
  • посилно чувство на будност
  • поголема јасност и побрзи реакции
  • подобрена физичка издржливост
  • подобра меморија
  • добро расположение