ПОВТОРНО ТАТКО – Модниот дизајнер Роберто Кавали (82 г.) доби дете со 45 години помладата девојка: “Ме преплавија емоции!“

Познатиот моден дизајнер Роберто Кавали (82 г.) повторно стана татко. Неговиот син го роди неговата 45 години помлада девојка, шведската манекенка Сандра Бергман (38 г.), со која италијанскиот моден магнет е во врска од 2014 година.

Ова е шесто дете на Кавали, а новороденото дете го доби името Џорџо, по таткото на Кавали.

Детето се роди минатата недела во Фиренца. Тоа е здраво и убаво. Ме обземаа емоции кога го видов“, изјавил дизајнерот.

Го именувавме Џорџо, по татко ми, кој беше убиен од нацистите за време на масакрот во Кавриља, кога имав само четири години“, објаснува тој.

Со својата прва сопруга Силванела Џанони, со која беше од 1964 до 1974 година, Роберто Кавали има две деца, Томасо и Кристина. Од неговиот втор брак со Ева Марија ги има РобертРејчел и Даниел.