ОД СЕВЕРНА АМЕРИКА ДО ЕВРОПА ЗА ЕДЕН И ПОЛ ЧАС !? НАСА има нов амбициозен проект – авион кој ќе работи двојно побрзо од борбените ловци ?

НАСА сака да им помогне на патниците да стигнат од Њујорк до Лондон за помалку време отколку што вообичаено е потребно за гледање просечен филм за време на летот.

Американската вселенска агенција оваа недела објави дека развива нов проект поврзан со суперсоничен воздушен транспорт на патници.

Ако овие прелиминарни студии се покажат ветувачки, леталото ќе лета преку Атлантикот со големи брзини или приближно 2.450 до 4.900 километри на час – двојно побрзо од воениот борбен авион F/A-18.

Според НАСА, во моментов е во тек следната фаза од истражувањето на брзиот воздушен транспорт, со два 12-месечни договори доделени на компаниите Boing, Rolls Royce и други за да помогнат во концептуализирањето на новиот млазен авион и создавање „технолошка мапа“. 

На почетокот на ова лето, НАСА го заврши својот тивок суперсоничен тест на авионот X-59, кој е дизајниран да ги придуши сопствените звучни бумови. Имено, таа програма ќе послужи како инспирација за нов џет-проект. Се очекува X-59 да го направи својот прв пробен лет подоцна оваа година.

НАСА е само во раната, истражувачка фаза на истражување“, изјавил портпаролот на агенцијата, Роб Маргета за Daily Mail, додавајќи дека тие сè уште не развиваат такво вселенско летало туку авион. Моментално најбрзиот патнички авион во светот, француско-британското производство „Конкорд“ го направи својот брз лет меѓу Њујорк и Лондон на 7. февруари 1996 година, преминувајќи го Атлантикот за само 2 часа, 52 минути и 59 секунди.