ВИДЕО | Озогласен профил на социјалните мрежи сподели шокантна снимка од Евгениј Пригожин непосредно пред неговата смрт: “Стигнавме до точката на вриење…“

Видеото од едно старо интервју со лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ги поттикна шпекулациите на Интернет за неговата смрт. Во видеото, Евгениј Пригожин зборува за тоа како повеќе би сакал да умре отколку да ја лаже својата земја во застрашувачко предвидување за неговата смрт во авионска несреќа.

Денес стигнавме до точката на вриење“, вели Евгениј Пригожин во видеото, според преводот на медиумската агенција Reuters и додава: „Зошто зборувам толку искрено ? Затоа што немам право пред овие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа земја да ги лажам. Подобро убијте ме“.

Водачот на платеничката група, кој го предводеше неуспешниот бунт против руското воено раководство во јуни, загина во авионска несреќа минатата недела. Руските власти во неделата потврдија дека тој е мртов откако извршиле генетска анализа на пронајдените тела, објави BBC.

Видеото од 40 секунди од интервјуто од април беше споделено во саботата на озлогласениот канал на социјалната мрежа Телеграм поврзан со групата Вагнер Grey Zone. Објавата предизвика стотици коментари – некои го вперија прстот кон Кремљ, додека други сугерираа дека лидерот на Вагнер знаел дека ќе биде убиен, пишува Business Insider.

Некои коментари шпекулираа дека Евгениј Пригожин можеби се уште е жив, при што едно лице коментира дека би било „кул“ ако Евгениј Пригожин и Сергеј Суровикин – „генералот Армагедон“ кој беше разрешен од местото прв човек на руските воздухопловни сили истиот ден кога се случи авионската несреќа, седат некаде заедно, јадат, пијат и се забавуваат, пишува Reuters.

Откако авионот се урна во средата, профилите на социјалните мрежи поврзани со Вагнер тврдеа дека руските системи за воздушна одбрана го собориле авионот, но причината за падот се уште е нејасна. Кремљ инсистира дека сите тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад смртта на Евгениј Пригожин се апсолутни лаги.

Многу западни набљудувачи, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и директорот на ЦИАВилијам Барнс, предвидоа во последните месеци дека Евгениј Пригожин би можел да се соочи со одмаздата на Владимир Путин по неуспешниот бунт во јуни.

За потсетување, многу критичари и непријатели на рускиот претседател се мртви, често во насилни или мистериозни околности.