ОД СТАРА ГАРАЖА НАПРАВИЛА ДОМ КАКО ОД БАЈКА: Усовршени се 26 квадрати, а дворот е посебна приказна (ВИДЕО)
Дени ја претвори старата мала гаража во простор за живеење кој зрачи со топлина и одлично го искористи секој агол.
Денис Бајрон, девојка од Калифорнија одлучила да ја трансформира својата гаража во простор за живеење од соништата.
Претходно овие 26 квадрати служеа за складирање на алат и непотребни работи, а сега таа ужива во светол и практичен стан.
Високите прозорци, многу простор за складирање, практична кујна, белата боја на ѕидовите направија овој стан да изгледа неверојатно удобно, светло и практично.
Моментално живее во област каде просечната цена на една куќа чини околу 2 милиони долари, што никако не можела да си ги дозволи, па решила да си уреди простор кој ќе и овозможи да функционира совршено, а притоа да заштеди и пари.
Иако се е во една соба, Денис успеала визуелно да го подели станот со посебни елементи и на тој начин да добие три посебни дела. Простор за спиење, работна површина и минијатурна дневна соба со кујна.
Таа дополнително го збогати просторот со многу цвеќиња, што му дава посебно освежување и убавина на целиот простор.
Кога живеете во мал простор, едноставно е невозможно да ги скриете работите што ви се потребни во вашето секојдневно функционирање. Сепак, со помош на практичноста се е можно, па Денис ги чува сите чевли под креветот во специјално дизајниран ормар за чевли.
Во целата едноставност доминира беж и бела боја, кои визуелно даваат дополнителна ширина, а дрвениот под во букова боја дополнително ја рафинира целата приказна.
Она што Дениз особено го користела е големиот двор околу гаражата, каде што создала вистинска мала оаза каде сака да собира пријатели. Бидејќи живее во Калифорнија, временските услови и дозволуваат да го користи во текот на целата година.
Иако вели дека живее во област каде што се вреднуваат материјалните работи, Дениз вели дека ништо не може да го замени душевниот мир што го чувствува во нејзиниот мал, но совршено уреден простор за живеење.