Од убавата актерка побарале да ослабне. Со строга диета слабеела 5 килограми неделно

ИАКО се прослави уште пред да се појави во турската сапуница „Чукни ми на врата“, Ханде Ерчел мораше да држи диета само за таа улога. За да го отелотворат ликот на Еда Јилдиз, авторите на серијата побарале од неа да се ослободи од вишокот килограми.

„Слабеeв пет килограми неделно. Во тој период јадев само течна храна, живеев со супи и вода. Сè уште внимавам, но не толку ригорозно“, изјави таа за турските медиуми.

Ерчел целосно се откажа од шеќерот и јаглехидратите и ги замени со протеини. Денеска за појадок јаде белки, тост со авокадо и овошје, за ручек пилешки гради, зеленчук и кафеав ориз, додека за вечера ужива во риба и салата. Кога ќе огладне помеѓу оброците, јаде јаболко или пие зелено смути.