Исланд и Финска бараат дисквалификација на Израел од Евровизија: Музичарите потпишаа петиција поради војната во Појасот Газа

Повеќе од 1.400 професионални музичари од Финска потпишаа петиција за забрана на Израел да учествува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

Поради, како што велат, „воените злосторства“ во Појасот Газа, музичарите бараат Израел да биде исфрлен од натпреварот што се одржува во мај во Шведска.

Доколку на Израел не му биде забрането учество, Финците бараат од нивната државна телевизија Yle да ја повлече песната што би ја претставувала Финска на Евровизија, пренесува BBC.

Исландските музичари, пред финските, поднеле слично барање до тамошните одговорни лица.

Шаул Гринглик (26 г.), кој беше на аудиција за израелската песна за Евровизија, почина минатиот месец во Појасот Газа, за што беше широко објавено. Неговиот последен настап беше на 3. декември, додека беше на одмор по мобилизацијата, по што се врати во војната.