НА ОВОЈ ЧОВЕК ЌЕ СЕ ИСПРОБА НОВ МЕТОД ЗА СМРТНА КАЗНА – Никој не знае како ќе функционира и дали ќе биде пресуров за осудениците !?

Американскиот федерален судија одлучи државата Алабама да може да ја изврши првата смртна казна со асфиксија со азот на крајот на месецот.

Судијата смета дека е малку веројатно овој нов начин на егзекуција да биде суров кон осудениот.

Според медиумите, Кенет Смит, осуден за нарачано убиство извршено во 1988 година, треба да биде погубен во Алабама на 25. јануари со гушење со течен азот преку маска на неговото лице поврзана со азотен цилиндар.

На САД им е сè потешко да добијат барбитурати, препарат што се користи во протоколите за егзекуција со смртоносна инјекција, меѓу другото, поради европската забрана за фармацевтските компании да продаваат хемиски супстанции што се користат за егзекуција на луѓе.

Како резултат на тоа, некои држави се обидоа да ги оживеат постарите методи како што се стрелачки одреди, додека Алабама, Мисисипи и Оклахома имаат нови протоколи засновани на употреба на гас.