ШОКАНТНИ СНИМКИ – Додека спасувачите трагаат по луѓе во урнатините, зад нив зградите се уриваат како кули од карти

Светската здравствена организација предупреди дека бројот на загинати може да достигне 20.000.

Снимки од згради кои се уриваат како последица на земјотресот

Исклучително тешките услови и ниските температури ги попречија напорите на спасувачите во текот на ноќта да ги извлечат преживеаните од урнатините по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и уби повеќе од 4.800 луѓе.

Светската здравствена организација предупреди дека бројот на загинати може да достигне 20.000.

Сцените на уништените градови кршат срца. Уништени се цели станбени блокови, а разорниот земјотрес му донесе уште повеќе неволји на сирискиот народ, кој веќе изгуби многу во долготрајната војна.

Додека спасувачите во Турција се обидуваат да ги извлечат преживеаните, зградите буквално се уриваат зад нив. Погледнете ги новите шокантни снимки кои се појавија на социјалните мрежи.