Ердоган: Прогласена тримесечна вонредна состојба во погодените региони

Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Најголема наша утеха е што досега под урнатините спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во текот на обраќањето до јавноста.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган соопшти дека е прогласена тримесечна вонредна состојба во регионите погодени од разорните земјотреси. Според него, ова не е само една од најголемите трагедии во земјата туку и во светски рамки.

Според најновите информации, најмалку 3.549 лица загинаа, додека најмалку 22.168 лица се повредени во земјотресите кои вчера ги погодија јужните делови на Туркије.

„Најголема наша утеха е што досега под урнатините спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во текот на обраќањето до јавноста.

Исто така, рече дека во десет покраини кои ги претрпеа најразорните последици на земјотресот е прогласена вонредна состојба.

„Во регионите погодени од земјотресот прогласено е тримесечна вонредна состојба. Врз основа на одлуката за тримесечна вонредна состојба брзо ќе ги завршиме процесите во Претседателството и Парламентот“, рече Ердоган.

Тој додаде дека акциите на пребарување и спасување на преживеаните продолжуваат.

„Повеќе од 53.000 спасувачи, медицински и друг персонал активни се на подрачјата погодени од земјотресите и дека со помош однадвор тој број континуирано расте“, рече Ердоган.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро го погоди југот на Туркије. Епицентарот на земјотресот е регистриран во рамките на Пазарџик во Кахраманмараш. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османије, Хатај и Килис се тешко погодени од потресот. Земјотресот се почувствува и во соседна Сирија, а потресување на тлото се почувствува и во Ирак, Либан, Египет и во другите региони.

Потоа нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер вчера го погоди Елбистан, исто така во Кахраманмараш.

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган рече дека земјата ја погодила најголемата катастрофа од земјотресот во Ерзинџан во 1939 година.

Во Туркије поради разорните земјотреси прогласена е седумдневна жалост.

TRT Balkan / агенции