Од утре нови протести во Македонија! Шест министерства и две државни институции бараат повисоки плати за 30%

Шест министрства и две државни институции утре ќе ги почнат најавените протести поради непотпишување на нови колективни договори за зголемување на платите за 30%. Вработените ќе протестираат 30 минути, додека местата на протестот ќе се менуваат секој ден.

По штрајкот на вработените во државното обвинителство, од утре ќе излезат околу 3.500 вработени во Државниот завод за статистика, Министерството за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски и економија и труд во 30-минутни протести со барања за зголемување на платите за 30% и потпишување на колективниот договор.

„Не е големиот број работници што ги бараме овие права. Барањата не се од вчера. Владата знае и имаме поддршка од министерствата. Пред одобрување на Буџетот, сите министерства испратија предлог колективен договор до Министерството за финансии и мислам дека може да се утврди начинот како да ги исполниме нашите барања за 30 отсто што ги бараме со години“.

Владата изрази загриженост, доколку протестот е политички мотивиран, бидејќи, како што велат, синдикалците веднаш предупредија на штрајк без исцрпување на други механизми.

Но, синдикатите велат дека не е штрајк, туку протест. Вработените ќе протестираат само половина час, додека остатокот од денот ќе ги извршуваат работните обврски.

Инаку, пред извесно време, со договор на Министерството за финансии, за реализација на колективните договори, Службата за општа работа на Владата, Генералниот секретаријат, дел од здравството, образованието и финансиите добија повисоки плати за 30%.