“ОД ЧАС ВО ЧАС КОШМАРОТ ПРОДОЛЖУВА!“ – Генералниот секретар на ОН со уште еден ‘очајнички’ повик за прекин на огнот: “Светот е свеок на катастрофа“
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во неделата предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа, управуван од Хамас, брзо се влошува и постојано упатува очајнички апели за прекин на огнот за да се стави крај на „кошмарот“ и крвопролевањето и за безусловно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас.
„Ситуацијата во Појасот Газа станува се побезнадежна од час во час. Жалам што наместо итно потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, Израел ги засили своите воени операции“, порача Антонио Гутереш за време на посетата на Непал.
Бројот на убиени или ранети цивили, посочува Антонио Гутереш, е „целосно неприфатлив“.
„Светот е сведок на хуманитарна катастрофа пред негови очи“, вели Антонио Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, подложени на немилосрдно бомбардирање, немаат каде да одат на безбедно и немаат пристап до храна, вода, засолниште и медицинска нега.
„Ги повторувам моите повици за итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и доставување хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа. Мораме да ги здружиме силите за да ставиме крај на кошмарот за луѓето од Појасот Газа, Израел и сите оние кои се погодени околу светот, вклучително и овде во Непал“, порача Антонио Гутереш, мислејќи на 10-те непалски студенти убиени во нападот на Хамас на израелска територија на 7. октомври.