Од 152 казнети возачи во Скопје, 14 без возачка

Во рамки на контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, соопштија денеска од МВР.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се девет санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.