Околу 25 припадници на КФОР повредени во судирите во северно Косово

– Околу 25 војници распоредени во мировната мисија на НАТО, КФОР во Косово се повредени денеска во судирите со српски демонстранти кои бараа смена на неодамна избраните градоначалници етнички Албанци, соопшти КФОР.

„Додека се спротивставуваа… неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа цел на неиспровоцирани напади и се здобија со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства“, се вели во соопштението на КФОР.

НАТО остро ги осуди „неиспровоцираните напади“ врз трупите на КФОР, додавајќи дека „таквите напади се целосно неприфатливи“.