ОЛЕСНЕТЕ СИ ГО ЛЕТОТО – Список на овошја кои најмногу го хидрираат организмот, јадете ги што повеќе во топлите денови

Топлотниот бран ја зафати нашата земја, а многумина на секој начин се обидуваат да се разладат и хидрираат.

Покрај водата, која ја пиеме секој ден, важно е да знаеме кои намирници дополнително нѐ хидрираат и да ги консумираме што е можно повеќе во долгите топли денови.

Во продолжение ви пренесуваме листа на овошја кои најмногу го хидрираат организмот.

Лубеница

Очигледно, лубеницата е исклучително богата со вода, но оваа сочна храна е и меѓу најбогатите извори на ликопен, антиоксиданс кој помага во борбата против ракот и се наоѓа во црвеното овошје и зеленчук.

Богата е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Содржи дури 93% вода, а токму оваа карактеристика ја прави одлично средство за чистење на организмот, но и за слабеење. Освен што е моќен антиоксиданс, содржи есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини, цинк и ликопен.

Сето ова ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само на лицето, туку и на кожата на целото тело. Имено, лубеницата ја навлажнува и хидрира, ја тонизира и лекува кожата и ги третира акните и изгорениците од сонце.

Јагоди

Сите бобинки се добра хидратантна храна, но сочните црвени јагоди се најдобриот избор. Малините и боровинките содржат околу 85% вода, додека капините се малку подобри со 88,2%. Смутито од јагоди и јогурт е секако едно од вашите омилени здрави задоволства.

Јагодите му даваат на јогуртот природна сладост, а комбинацијата од јаглехидрати, влакна и протеини го прават одлична комбинација за закрепнување после тренинг. Јагодите содржат 92% вода и се богати со витамин Ц, калиум, фолна киселина и растителни влакна. Тие исто така содржат антиоксиданси антоцијани, елагична киселина и кверцетин.

Агруми

Овие сочни цитрусни плодови можат да помогнат во намалувањето на холестеролот. Истражувачите велат дека соединенијата во ова овошје помагаат во согорувањето на мастите и го стабилизираат шеќерот во крвта.

Грејпфрутот, портокалите, лиметите, лимоните и другите агруми одлично го ладат телото. Тајната е во високата содржина на фитонутриенти како антоцијани, флавони, витамин Ц, полифеноли. Цитрусното овошје е докажано дека го одржува здравјето на кожата и имунолошкиот систем, го стимулира метаболизмот и ја подобрува способноста на телото полесно да ги разградува мастите од храната.

Диња

Една четвртина од диња содржи само 50 калории, но дава 100% од препорачаниот дневен внес на витамини А и Ц. Ако ви е здодевно од обично сирово овошје, изблендирајте ја дињата со јогурт и замрзнете ја или натопете ја во сок од портокал и додајте нане за да направите освежителен пијалак.

Праски и кајсии

Ако страдате од осип и сува кожа, причината за тоа може да биде покачена температура, за која обично не сте свесни. Вклучете праски во вашето мени затоа што брзо ќе ги надополните калиумот, витаминот А и Б12 и другите хранливи материи кои помагаат да се одржи температурата на телото и да се подобри изгледот на кожата.

Кајсиите се исто така одлична природна помош за намалување на телесната температура и помалку потење.

Манго

Ако вашата кожа е сува, јадете манго. Мангото е богато со витамини и минерали, особено со витамин А, кој го нормализира производството и животниот век на клетките на кожата. Го подобрува изгледот на кожата и помага во борбата против акните, бидејќи го спречува зголеменото производство на клетки на кожата. Познато е дека мртвите клетки во комбинација со себумот (природното масло на кожата) ги затнуваат порите.