Омилената турска актерка проговори за прв пат откако сите мислеа дека исчезнала во земјотресот, појасни што навистина и се случило
Џансу Дере за прв пат проговори по земјотресот во Турција и по гласините дека исчезнала и го загубила животот.
Познатата турска актерка и миленичка на македонската публика Џансу Дере за прв пат проговори откако се шират гласини дека исчезнала во разорните земјотреси што ја погодија нејзината земја пред повеќе од еден месец.
По гласините за нејзиното изчезнување, се појави видео на кое се гледа како им помага на настраданите, но сепак нејзините обожаватели биле загрижени за неа бидејќи таа не се огласила во јавноста. 42-годишната девојка дури сега одлучила да разговара за турскиот CNN и да открие што всушност и се случило и зошто толку долго не била активна на социјалните мрежи.
“Немав намера никого да загрижам. Не сум некој кој многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум каде ги споделувам моите среќни моменти”, изјавила Џансу и додала дека вистинската причина за нејзиното отсуство е повреда.
Имено, таа ја скрши петата и се опоравуваше дома, па никаде не се појави.
Актерката од 5 јануари не објавила ништо на Инстаграм каде ја следат 2,7 милиони луѓе, и многумина се обидуваат да откријат каде е и дали е добро. Со оглед на тоа дека нејзината куќа се наоѓала во најтешко погоденото место, на социјалните мрежи се проширила веста дека починала бидејќи толку долго не се огласила.
Џансу отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста со својата убавина, студирала археологија, но се откажала од тоа и ја освоила ласкавата титула Мис на Турција на изборот во 2000 година. Но, таа не успеа да оди на светскиот натпревар бидејќи локалната власт и забрани да оди бидејќи се одржуваше во грчкиот дел на Кипар, но успеа да оствари успешна манекенска кариера.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, се шпекулира дека убавата актерка моментално е во врска со осум години помладиот колега Метин Акдулгер, но ниту еден од нив никогаш не го потврдил тоа во јавноста.
Џансу моментално на Инстаграм ја следат 2,7 милиони луѓе и е позната како една од највлијателните личности во Турција, а домашната публика најмногу ја памети по улогите во сериите „Неверство“, „Езел“ и „Сила“.