ОМИЛЕНАТА ХРАНА НА МНОГУ ЛУЃЕ Е ПОВРЗАНА СО ПОГОЛЕМ РИЗИК ОД ДЕПРЕСИЈА!

Треба да знаете!

Помфритот е една од најпопуларните намирници во светот, но најновото истражување открива како посегнувањето по оваа храна може негативно да се одрази на нашата ментална состојба, пренесува CNN.

Имено, истражувачки тим од Хангжу, Кина открил дека честото консумирање на пржена храна, особено пржени компири, е поврзано со 12 отсто поголем ризик од анксиозност и 7 отсто поголем ризик од депресија отколку кај луѓето кои не јадат пржена храна или консумираат само повремено..

Пржената храна е еден од познатите фактори на ризик за дебелина, висок крвен притисок и други здравствени проблеми. Научниците проучувале 140.728 луѓе во текот на 11 години. По исклучувањето на учесниците на кои им била дијагностицирана депресија во првите две години, биле откриени вкупно 8.294 случаи на анксиозност и 12.735 случаи на депресија кај оние кои често консумирале пржена храна.

– Овие добиени резултати јасно укажуваат како честото внесување на пржена храна го зголемува ризикот од анксиозност и депресија – изјави д-р Дејвид Кац, но нагласи и дека треба да се спроведат уште неколку студии на оваа тема за со сигурност да се утврди дали консумацијата на пржена храна се зголемува дали тие ја хранат депресијата кај луѓето или депресивните луѓе почесто се свртуваат кон овој вид на храна.

– Имено, можно е и луѓето со анксиозност или депресија многу почесто да се свртуваат кон овој вид на храна за некаков привид на олеснување или удобност. Оние со латентни симптоми на анксиозност и депресија може да се свртат кон утешна храна како начин на самолекување,  додаде Кац.