Ако сакате карамелизирани јаболка, внимавајте. Нутриционистот Том Вуд предупреди дека овој десерт кој се јаде наесен, може да предизвика здравствени проблеми.
„За жал, карамелизираните јаболка не се безбедни за јадење. Постои патоген наречен Listeria monocytogenes. Таа природно се појавува во почвата и може да ги загади јаболката за време на процесот на берба“, рече тој.
Кога ќе се вметне стапче во овошјето за време на подготовката на карамелизираните јаболка, на површината ќе излезе мала количина сок. Таа влага, заробена под слојот од карамела, создава идеална средина за растење на листеријата.
„Внатрешноста на јаболкото е сочна, слатка и има се што и е потребно на листеријата за да преживее и брзо да расте“, додаде Вус.
Голем број на храна може да се контаминираат со листерија, но повеќето инфекции обично се предизвикани од суво месо, чадена риба, сирења и готови сендвичи.
Симптомите на листериоза најчесто ги погодуваат малите деца, постарите лица, хронично болните и трудниците. Тие вклучуваат мускулна болка, треска, повраќање и дијареа, а може да бидат тешки и да предизвикаат вкочанетост, конфузија, конвулзии, а во ретки случаи и смрт.