ОН проценуваат дека болниците во Газа за два дена ќе останат без гориво, лекарите предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат
Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат, бидејќи болниците полни со повредени остануваат без гориво и основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува дека во рок од два дена болниците ќе останат без гориво за генераторите.
Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со повредени пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозијата пристигнаа во болницата, каде се очекува гориво да снема до утре, според д-р Мухамед Кандил.
Ако снема горивото, посочи тој, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде затворен.
„Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија. Сите овие пациенти се во опасност доколку ако струјата се исклучи“, додаде д-р Кандил.