Шефот на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA), Филипе Лазарини, во обраќањето до Советот за безбедност на ОН рече дека присилното раселување на луѓето во Газа на кои израелските власти им кажале да се евакуираат на југ, доведе до тоа дека повеќе од 670.000 луѓе да се сместени во преполнети училишта и подруми на агенциите.
„Многу пати сум кажал и повторно ќе кажам: нема безбедно место во Газа“, рече Лазарини.
Тој истакна дека речиси 70 отсто од убиените се деца и жени. Речиси 3.200 деца се убиени во Газа за три недели, рече шефот на УНРВА, цитирајќи податоци од Министерството за здравство на Газа. Тој број го надминува бројот на деца убиени годишно во конфликтните зони ширум светот од 2019 година, рече Лазарини.