ОПАСЕН ЅВЕР СЕ ПОЈАВИ ВО ЕВРОПА: Лесно може да касне коска и ЧОВЕЧКИ ПРСТ, луѓето во страв (ФОТО/ВИДЕО)

Алигаторската желка, чиј залак може да биде толку силен што дроби коска, е пронајдена во северозападниот дел на Англија , поточно извлечена од Камбриското езеро.

Ова егзотично суштество сосема случајно го пронашла Денис Чембрлен која го шетала своето куче, а оваа желка обично населува мочуришта и реки во јужните делови на САД.

Дениз ја извлекла желката од водата со корпа, а потоа ја однела на ветеринар.

Ветеринарот најпрвин мислел дека e желката но потоа се предомислил.

„Не ни очекував дека тоа ќе биде алигаторска желка “, рече ветеринарот и додаде дека животното најверојатно го фрлил сопственик кој не знаел колку би било тешко да се грижи за егзотично милениче.

Дениз, која живеела на Флорида, видела објава на социјалните мрежи за желката и веднаш го препознала видот.

„Се сомневам дека некој ја купил и не сфатил што е, беше преголема за да се грижи или не можеа да си дозволат да ја нахранат “, рече таа.

Иако не е незаконски да поседувате желка алигатор, ветеринарите не препорачуваат да ги чувате како домашни миленици поради нивните комплицирани потреби.

Алигаторските желки се инвазивен вид кој „лесно“ може да касне коска и човечки прст, според Енциклопедија Британика.

алигатор кипка желка

Алигаторските желки се ловци кои обично се хранат со риби, жаби, мали цицачи, па дури и други желки. Тие можат да пораснат до еден метар и да тежат до 90 килограми.

Одлучено е желката да биде преместена во специјализиран центар за диви животни во Корнвол.