ПУТИН ДОЦНЕЛ НЕКОЛКУ ЧАСА: Такер Карлсон откри што се случило пред да започне интервјуто

Американскиот новинар Такер Карлсон објави снимка од Кремљ по интервјуто со рускиот претседател во кое тој откри дека Владимир Путин задоцнил неколку часа.

  • Путин задоцни неколку часа. Тоа е неговата навика очигледно. Сите што работат со него се смееја. Ми рекоа: „Секогаш доцни“, рече Карлсон во видеото објавено на TikTok.


Тој изјави дека веројатно ќе му треба една година за да разбере „што се случило“.

  • Путин не е некој што дава многу интервјуа. Всушност, ниту една, четири години. Не го бива да се објаснува. Тој е паметен, за тоа нема никакво прашање – изјави Карслон.