“ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГОБИЕЦ“ – Тешки зборови од Русија за потегот на Бугарија за кој уште долго ќе се зборува

Доаѓањето на првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје во четвртокот предизвика полемика меѓу земјите-членки. Учеството го откажаа Украина, Полска и балтичките земји, а за потегот на Бугарија уште долго ќе се зборува.

Имено, авионот со кој Сергеј Лавров патувал за Скопје прелетал над воздушниот простор на Турција и Грција, а не Бугарија како што беше претходно најавено, јавуваат руските медиуми. Рутата на летот итно морала да биде продолжена поради одбивањето на бугарските власти да дозволат прелет на авионот во кој се наоѓаше портпаролката на Министерството за надворешни работи на РусијаМарија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа, пишува медиумската агенција Reuters.

слика
Марија Захарова

Имено, во нотата на Министерството за надворешни работи на Бугарија, која ја видоа руските медиуми, се наведува дека дозвола за учество на средбата во Скопје добиле министерот Сергеј Лавров и неговата делегација, но дека дозволата не важи на Марија Захарова, која е на листата на санкционирани лица од ЕУ.

Марија Захарова на социјалната мрежа Телеграм коментира дека одлуката е „опасна глупост на некој шегобиец во владините структури во Бугарија“. Таа тврди дека за првпат во историјата една земја забранила авион да прелетува поради едно лице, бидејќи на руски авион му било дозволено да лета над бугарскиот воздушен простор.

Учеството на рускиот министер за надворешни работи беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по инвазијата на Украина, но откако Бугарија соопшти дека ќе го отвори своето небо и ќе дозволи руските владини авиони да прелетуваат, а ЕУ соопшти дека тоа не е кршење на санкциите, Москва подоцна потврди дека Сергеј Лавров доаѓа во Скопје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја нарече позицијата на Бугарија „апсурдна и глупава“.

Исто така, Марија Захарова сугерираше дека Русија би можела да примени слични забрани за прелет на „илјадници претставници на НАТО“ и ја обвини Бугарија за создавање „опасен преседан“.