ОПАСНА ИГРА – Експлозивно откритие од хакираните тајни документи на Пентагон: “Специјалци од НАТО веќе се во Украина, знаеме и од каде доаѓаат!“

Голем број воени специјални сили од западните земји дејствуваат во Украина, покажаа досиејата којшто беа јавно објавени а хакирани од Пентагон – објавени на 23. март.

Според објавените документи, Велика Британија има најголем контингент специјални сили во Украина (50), а потоа следат членките на НАТО Летонија (17), Франција (15), САД (14) и Холандија (1).

Ова откритие го потврдува она што многумина го шпекулираа од почетокот на војната во февруари минатата година, пишува BBC. Информациите за присуство на специјални сили во Украина најверојатно ќе ги користи Москва, која во последните месеци тврдеше дека не е само во конфликт со Украина, туку и со НАТО.

Протечените датотеки се означени како „строго доверливи“ и даваат детална слика за војната во Украина. Владата на САД вели дека го истражува изворот на објавувањето на тајните документи. Во овие листови не се наведува каде се наоѓаат силите и што точно прават таму.

Министерството за одбрана на Велика Британија не ги коментираше тајните информации што беа обелоденети, но во вторникот на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша известување дека објавувањето на доверливите информации покажува „сериозно ниво на неточност“.

Читателите треба да бидат претпазливи во прифаќањето на наводите кои имаат потенцијал да шират дезинформации“, се вели во соопштението.

Иако бројот на членови на специјалните сили наведени во документите на Пентагон е всушност релативно мал, тие се чини дека се многу ефикасни во нивните операции во Украина.

Владата на Велика Британија не го коментира нивото на стручност на своите воени сили, за разлика од другите земји, но има голем број елитни единици кои се сметаат за меѓу најдобрите во светот. Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин кажа дека Министерството за правда на САД отворило кривична истрага и дека е решено да го открие изворот на протекувањето.

Ќе продолжиме да истражуваме и да го превртуваме секој камен додека не го најдеме изворот на ова“, нагласи тој.

Властите во САД стравуваат дека би можеле да протечат повеќе информации. Портпаролот на Пентагон, Крис Мегер, изјави за новинарите дека протекувањето може да има „огромни последици за нашата национална безбедност и да ги загрози животите на луѓето ширум светот“.