Производите за коса што ги користат милиони луѓе ширум светот потенцијално ги изложуваат на опасни хемикалии кои можат да предизвикаат неплодност, покажуваат најновите студии.
Силоксаните се вештачки хемикалии кои се користат во креми, масла и спрејови за да додадат сјај и мазност на косата со тоа што спречуваат влагата да влијае на косата. Овие хемикалии , кои се деривати на силикон, се поврзани со проблеми како што се неплодност, хормонална нерамнотежа и оштетување на црниот дроб.
Научниците од Универзитетот Пердју во Индијана открија дека кога се користат со апарати со висока топлина, како што се пегли или пегли за виткање, производите што содржат силоксан испаруваат и ослободуваат токсини во воздухот. За време на истражувањето, тие извршиле серија експерименти во кои испитаниците морале да ја обликуваат косата во тесен, затворен простор. После тоа, научниците го измериле нивото на штетните хемикалии кои испарувале кога користеле пегла за коса или виткање. Резултатите покажале дека вкупната концентрација на силоксан во воздухот е 82 милиграми на метар кубен, но дека 70 отсто од содржината исчезнува ако се вклучи вентилатор во просторијата за време на стајлингот. Во просек, на испитаниците им требале околу 20 минути за да ја обликуваат косата , а за тоа време вдишувале околу 17 милиграми силоксан.
Студиите на животни покажаа дека многу повисоки концентрации на овие хемикалии, до десетици илјади, се потребни за да бидат смртоносни. Иако не е познато која доза би била смртоносна за луѓето, научниците предупредуваат дека секојдневното изложување на овие хемикалии може да има многу штетно влијание врз здравјето на луѓето.
Иако повеќето од тестираните производи беа наменети за жени , тие ги користат и мажите за стилизирање на косата, а температурата на пеглата и виткачите за коса беше 210 степени Целзиусови.
– Резултатите од нашата студија се многу алармантни. Не очекувавме да видиме ваква емисија на штетни хемикалии од производите кои се продаваат без рецепт при секојдневната нега на косата – изјави д-р Нусрат Јунг, професор од Универзитетот Пердју и водач на истражувањето.
Најпроблематичната хемикалија која ја пронајдоа во студијата е декаметилциклопентасилоксан (D5 Siloxane), која често се наоѓа како прва или втора состојка во многу производи за нега на коса, што значи дека неговата содржина е најголема во тој производ.
– Студиите направени врз животни во лаборатории покажаа дека D5 силоксанот може да има штетно влијание врз респираторниот тракт, црниот дроб и нервниот систем. Употребата на оваа хемикалија во производите за плакнење е веќе забранета во многу земји од Европската унија. Многу од производите што ја содржат оваа хемикалија се парфемирани, а штетни се и хемикалиите што се користат за создавање на овие мириси – објаснува д-р Јунг.
Се покажа дека друг силоксан, наречен Д4, кој се наоѓа во производите за коса, ги нарушува ендокрините жлезди. Во истражувањето спроведено на глувци, оваа хемикалија влијаела на зголемување на матката кај животните, но и ја променила висината на клетките што ги обложуваат ткивата во телото, што негативно влијаело на репродуктивните органи и допринело за нарушување на ендокриниот систем . Ваквите нарушувања придонесоа за развој на состојби како што е синдромот на полицистични јајници.
Со оглед на тоа дека едно лице може да вдиши просечно 17 милиграми силоксан во текот на 20 минути потрошени во обликување на косата, многу е важно во просторијата да се вклучи вентилатор или некој вид на прочистувач на воздух за време на оваа активност, заклучокот од студијата објавена во списанието ” Environmental Science & Technology “. Вклучувањето на вентилаторот отстранува 70 проценти од штетните хемикалии и ја намалува концентрацијата на силоксан D5 на 1 милиграм на кубен метар.