„Протео дојде од Мексико, илјадници километри далеку, да ги спаси нашите граѓани под урнатините… во овие за него непознати земји, и успеа“, рече Шукру Генџ, градоначалник на општина Сариер во Истанбул.
Локална општина во Истанбул ќе му оддаде почит на кучето спасувач од Мексико кое почина на должност во потрага по преживеани во провинцијата Адијаман, по силните земјотреси на 6 февруари во Туркије во кои загинаа илјадници луѓе.
„Протео дојде од Мексико, илјадници километри далеку, да ги спаси нашите граѓани под урнатините… во овие за него непознати земји , и успеа“, рече Шукру Генџ, градоначалник на општина Сариер во Истанбул, се вели во соопштението.
„Протео сега е едно од имињата на кои му должиме лојалност. Сакаме да ја подигнеме неговата статуа во нашиот парк“, додаде Генџ, говорејќи на меморијалниот настан одржан за Протео и јапонскиот волонтер Мијазаки Ацуши, кој загина во земјотресот во 2011 година во Туркије.
Настанот се случи во паркот кој го носи името на починатиот спасувач Мијазаки и каде е поставена статуа.
Протео, 9-годишното специјално обучено куче на мексиканскиот тим за потрага и спасување, почина откако беше тешко повредено на должност во Адијаман. Помагајќи им на мексиканските воени тимови, германскиот овчар од под урнатините спаси две лица. Мексиканската влада му оддаде почит и го нарече херој.
Пофалувајќи ја меѓународната солидарност по масовните земјотреси во Турција, Генџ рече дека солидарноста е „иста како при земјотресот во 2011 година во провинцијата Ван“.
„Јапонскиот волонтер Мијазаки Ацуши загина во урнатините на хотелот Бајрам, кој беше уништен во тој земјотрес. Тој ја освои љубовта на луѓето од регионот со својата вредна работа и љубезност“, рече Генџ“.
Мијазаки дојде да им помогне на настраданите во Ван кој беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала на 23 октомври 2011 година.
Тој им ја подаде раката на луѓето и како лекар и како хуманитарен работник, дел од Здружението за хуманитарна помош на Јапонија (ААР). Но, земјотрес со јачина од 5,6 степени повторно го потресе градот на 9 ноември и овој втор земјотрес предизвика неговиот хотел да се урне, а Мијазаки беше тешко повреден. Тој беше изваден од купот отпад по интензивните спасувачки операции, но им подлегна на повредите во болница.
Учесниците на настанот ги вклучија индискиот генерален конзул во Истанбул Суди Чудари, генералниот конзул на Мексико во градот Изабел Арвид и генералниот конзул на Јапонија Касахара Кеничи, како и Тимот за цивилна одбрана на општина Сариер.
Во меѓувреме, центар за рехабилитација на животни изграден во областа Башискеле во северозападната турска провинција Коџаели го доби името по покојното мексиканско куче спасител.
Според последните официјални податоци, најмалку 42.300 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари, со епицентар во јужната турска провинција Кахраманмараш и погодија уште 10 други провинции – Хатај, Газиантеп, Малатија, Адијабакир, Адана, Адана, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
ТРТ Балкан