Општина Гостивар издвојува 1 милион денари за трагедијата во Кочани

На предлог на градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, општина Гостивар денеска одобри парична помош од 1.000.000 денари за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, се наведува во соопштението на општината.

Одлуката е донесена на вонредната седница на Советот на општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи загубени во трагичниот пожар на 16 март.

„Кочанската трагедија е голема рана, но и предизвик кој нè води да бидеме пообединети. Му благодарам на Советот на општината што го поддржа мојот предлог за придонес со 1 милион денари за семејствата на настраданите.

Нивната болка е во нашите срца секој ден…“, вели Валбон Лимани.