Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Предвидено е стратешки разговори за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
Двајцата државници ќе разговараат и за геополитичката ситуација која е исклучително сложена.
Потсетуваме, претседателот Вучиќ најави средба со унгарскиот премиер на 31 декември минатата година.
По тој повод, двајцата лидери остварија телефонски разговор и се договорија да продолжат да градат поблиски српско-унгарски односи.
Средбата е најавена за втората половина на јануари, а се очекува дополнително конкретизирање на договорите од различни области на општественото живеење.
– Србија и Унгарија се навистина братски земји и така ќе бидат и во иднина – изјави тогаш Вучиќ.