Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористичките организации“, додавајќи дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
„Шокантно е тоа што има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа“, рече Орбан, според Ројтерс. Тој додаде дека такви „обиди“ имало дури и во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористичките организации“ бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам, пренесува МТИ.
Унгарскиот премиер изјави дека пандемијата на корона вирусот, војната во Украина и „терористичкиот напад во Израел“ покажаа дека ова е „опасна ера“, но нагласи дека Унгарија ќе ги заштити сите свои граѓани. „Сите тие се граѓани на Унгарија, дури и оние кои имаат различни политички ставови. Унгарската држава мора да ги заштити. На унгарските граѓани не смее да им се дозволи да се чувствуваат небезбедно поради нивното потекло или религија. Ова е безбедна земја“, рекол Орбан, пренесува Танјуг.