Убиен е осомничениот за нападот во Брисел

Осомничениот за нападот во Брисел е убиен во предградието Шарбек, јавуваат белгиските медиуми, пренесува Ројтерс.

Британската агенција ја пренесува изјавата на обвинителот кој потврдил дека лицето е убиено, но дека не е потврдено дека тој е осомничен за синоќешниот напад во кој беа убиени двајца шведски навивачи.

Зборуваше градоначалникот


Белгиската полиција го лоцираше и ликвидира вооружениот напаѓач кој во понеделникот уби двајца шведски државјани во Брисел, изјави градоначалникот на белгиската престолнина Филип Клоуз за ТВ БФМ.

„Се чини дека осомничениот навистина е неутрализиран“, рече Клоус по известувањето за операцијата во бриселската населба Шарбек, според Ројтерс.

Министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден за белгиските медиуми изјави дека кај „неутрализирано лице“ било пронајдено автоматско оружје, исто како и употребеното при синоќешниот напад.

Белгискиот портал „Brussels Today“ објави дека полицијата добила дојава дека осомничениот се наоѓа во кафуле, а кога пристигнале на местото дошло до вкрстен оган во кој полицијата успеала да го елиминира осомничениот.

Вооружениот напаѓач од Тунис (45) уби двајца и рани трет шведски државјанин во, како што премиерот Александре де Кроа го нарече брутален терористички напад.

Во Брисел е прогласена највисока безбедносна тревога со зголемено полициско присуство, особено за шведските граѓани и државните институции, а властите ја предупредија јавноста да биде особено внимателна и да избегнува непотребни патувања.


Претходно обвинет за тероризам

 

Осомничениот за синоќешниот напад во Брисел, во кој загинаа две лица, а едно лице беше рането, претходно беше обвинет за тероризам во Тунис, јавија денеска белгиските медиуми. На видеото снимено од локален жител, напаѓачот, облечен во флуоресцентна портокалова јакна, со бел шлем на главата, се гледа како држи огнено оружје, пишува Brussels Times. Откако се симнал од скутерот во кој се возел, вооружениот напаѓач испукал неколку истрели на улицата околу 19:15 часот во вторникот пред да влезе во блиската зграда бркајќи ги луѓето кои почнале да бегаат.