ОРГАНИЗАТОРИТЕ ГО ИЗНЕНАДИЈА ЃОКОВИЌ! На видео бимот беше прикажано видео кога Новак бил мало момче – Новак го испука ОВА „како од топ“!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во второто коло на турнирот во Дубаи откако го совлада Чехот Томаш Махач со 6:3, 3:6, 7:6(1).
На Ѓоковиќ ова му беше прв меч по победата на Австралија опен, а за победа против 130. играч на светот му требаа три сета и речиси два и пол часа.
По возбудливиот меч, организаторите на турнирот му приредија изненадување на српскиот тенисер, поставувајќи ги пред него големите бројки „378“, откако Новак помина толку недели на првото место на АТП листата.
Изненадувањата не завршија тука, бидејќи Новак на видео проекторот гледаше клип од стара емисија во која имаше само седум години, а уште тогаш зборуваше за своите планови за иднината – а целта му беше да стане шампион еден ден.
Новак беше запрашан дали седумгодишното момче сега ќе биде изненадено, врз основа на сите постигнати резултати.
- Тој не би бил изненаден. Затоа што знаеше што следува! – рече Новак низ насмевка, а потоа заклучи:
- Секако… тогаш многу сонував, а мојот најголем сон беше да бидам на првото место. Користев визуелизација, имагинација, за да стигнам до моите соништа. Но, не можев ни да сонувам дека толку долго ќе бидам на врвот. Тоа и мене ме изненади! – призна тој.