Осимен ќе стартува на реваншот со Милан

 Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети објави дека Виктор Осимен ќе стартува против Милан.

На 18 април, Наполи ќе ги пречека „Росонерите“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (прв натпревар – 0:1).

Вчера напаѓачот влезе како замена на натпреварот од Серија А против Верона (0:0) во 73. минута. Тој претходно пропушти речиси еден месец поради повреда.

-Да, тој ќе започне. Осимен има физичка сила и брзина. Тој знае како да се држи до топката, да игра со глава и да го менува ритамот. Има толку многу разновидни решенија во дадени ситуации. За нашите навивачи сега тој е херој и секогаш предизвикува бран од ентузијазам. Овие играчи знаат како да извршуваат различни функции во корист на тимот, изјави Спалети.

По 30 натпревари во Серија А, Наполи е убедлив лидер со 75 бода, 14 повеќе од второпласираниот Лацио.