Ослободете се од никотинот! Со помош на овие намирници веднаш ќе го исфрлите од организмот

Сите сме свесни за негативното влијание на цигарите и никотинот врз нашето тело. Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го ослободите телото од никотин е со помош на овие намирници.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокула, карфиол, зелка

Покрај тоа што овој зеленчук содржи полифеноли кои се покажале како корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржи и антиоксиданси кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.

Зелен чај и витаминска вода

Со пушење, телото ја губи потребната течност и телото многу побрзо дехидрира. Пиењето голема количина домашна витаминска вода која лесно можете да ја подготвите сами, а зелениот чај полн со антиоксиданси го исфрла никотинот од телото.

Моркови

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа грда нуспојава на пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.

Киви, лимон и портокал

Покрај водата, никотинот ги отстранува и витамините А, Ц и Е од телото, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или испијте чаша лимонада. Сокот од портокал го хидрира организмот, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.