Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Грција во земјава Софија Филипиду.
Како што соопшти МНР, на средбата соговорниците изразиле задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка на повеќе полиња и заемната подготвеност за нивно продлабочување.
„На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба, на која беа разгледани и мерките и активностите што Владата ги спроведува во однос на спроведувањето на обврските од Договорот од Преспа.
„На средбата се разговараше и за непоколебливата поддршка на Грција за европската интеграција на земјата, соработката во НАТО Алијансата и другите меѓународни организации, како и регионалните иницијативи“, велат од МНР.