– По министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува на НАТО министерски состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел.
Од МНР информираа дека во фокусот на разговорите ќе биде поддршката на политиката на Отворени врати на НАТО, што се потврдува со пристапувањето на Финска како 31-ва земја членка на Алијансата.
– Воедно, ќе стане збор и актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија. На состанокот ќе се трасира патот за следните подготовки за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, а ќе бидат разгледани и начините за унапредување на соработката со партнерите, со цел заеднички да се одговори на заканите и предизвиците со кои се соочуваат НАТО членките, се наведува во соопштението од МНР.