„Остатоци од воздушен воен објект“ пронајдени во северна Полска

 Остатоци од „неидентификуван воен објект“ се пронајдени во северниот дел на Полска, во градот Замошќ, соопшти денеска преку Твитер Министерството за национална одбрана на земјата.

„Ситуацијата не ја загрозува безбедноста на жителите. Местото каде се пронајдени остатоците го истражуваат полски офицери, воена полиција и деминери“, додаде Министерството за одбрана.

Полскиот главен обвинител и министер за правда Збигњев Зиобро, исто така, истакна дека „остатоците од воздушниот воен објект“ се пронајдени во шума на неколку километри од Бидгошч. „Воениот оддел на Окружното обвинителство во Гдањск, под надзор на Националното обвинителство, покрена постапка во случајот со остатоците од воен објект пронајден во шума на десетина километри од Бидгошч“, напиша Збигњев Зиобро на Твитер.