ОСТИН СЕУШТЕ ВО БОЛНИЦА: Ги следи воените операции ширум светот

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се уште е во болница и се чувствува добро, соопшти Пентагон, додавајќи дека тој ги следи американските воени операции ширум светот.

„Тој е во контакт со својот висок персонал, има целосен пристап до неопходните безбедни средства за комуникација и продолжува да ги следи секојдневните операции на Министерството за одбрана низ светот“, наведе портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, во соопштение.

Се наведува и дека Пентагон се уште нема прецизен датум за отпустот на Остин.

Остин (70) на 22 декември бил примен во Националниот воено медицински центар Волтер Рид во Мериленд за лекување на рак на простата.

Тој се врати во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт.